ЗАВРШИ ТРЕТАТА РУНДА НА ПРЕГОВОРИ! Подљак објави: „Има мали позитивни движења“ (ВИДЕО)

Во Белорусија штотуку заврши третата рунда мировни преговори меѓу делегациите на Русија и Украина.

– Третата рунда преговори заврши. Има мали позитивни движења во подобрувањето на логистиката на хуманитарните коридори. Продолжија интензивните консултации за основниот политички блок на прописи, со прекин на огнот и безбедносни гаранции – напиша Михаил Подољак на Твитер.

 

Во вториот круг преговори на 3 март беа договорени хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните, испорака на лекови и храна. Сепак, во последните денови евакуацијата и снабдувањето не се одвиваат без проблеми, односно Украинците и Русите меѓусебно се обвинуваат дека ги загрозуваат хуманитарните коридори.

spot_img

Последни вести