ЗАВРШИЈА ПРЕГОВОРИТЕ: Еве што се договорија Русија и Украина, а познато е и кога ќе биде третата рунда

Киев и Москва ја завршија втората рунда преговори и договорија продолжување на преговорите, а третата рунда се планира да се одржи што е можно поскоро.

Украина и Русија се договорија да обезбедат хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните, испорака на храна и лекови, изјави советникот на шефот на кабинетот на Зеленски, Михаил Подољак.

Тој рече и дека Киев не постигнал резултати во текот на преговорите на кои сметала украинската страна. Тој додаде дека Украина и Русија разговарале за прекин на огнот за време на евакуацијата на граѓаните во оние области каде што ќе се изврши евакуацијата. Властите на Русија и Украина се договорија да организираат специјални канали за комуникација за време на евакуацијата на цивилите.

Киев и Москва се договорија за продолжување на преговорите: Познато кога се очекува третата рунда преговори

извор: kurir.mk 

spot_img

Последни вести