Започна реконструкцијата на детските игралишта во општина Велес

Започнува најавената реконструкција и репарација на детските игралишта во градот, приградските населби и селата во општина Велес.

Денес на 4 локации започна со замена на реквизитите на детските игралишта. За реконструкција и репарацијата на игралиштата е задолжено Јавното комунално претпријатие Дервен, по налог на општина Велес.

– Во тек е репарација и реконструкција на урбаната опрема на четири детски игралишта во градот, но во наредниот период ќе се обноват сите детски реквизити во градот и околните села. Предвидените активности од кампањата #СакајГоВелес продолжуваат, Велес станува поубаво место за живеење, соопштија од општина Велес.

spot_img

Последни вести