Во месеците февруари и март во Велес имало 26 кражби- еве колку се разрешени

Изминативе два месеца на територија на општина Велес се извршени 23 тешки кражби, 2 кражби и една кражба во куќа. Од нив СВР Велес расчистиле 10 тешки кражби и една кражба, додека за 4 се добиени сознанија за сторители.

– Во текот на февруари на територијата на Велес пријавени се 11 тешки кражби и 1 кражба во куќа, од кои 3 биле во напуштени куќи. СВР Велес расчисти 7 тешки кражби и 1 кражба. Во текот на март пријавени се 12 тешки кражби и 2 кражби, од кои 7 биле во напуштени куќи. СВР Велес расчисти 3 тешки кражби, а за 4 се добиени сознанија за сторителите и по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од СВР Велес.

За само 4 дена од месец април веќе се пријавени 5 тешки кражби и 1 разбојништво, од кои 2 тешки кражби се расчистени.

СВР Велес ги информира граѓаните дека и понатаму ќе продолжи да ги исполнува законските обврски за обезбедување на безбедноста и имотот на граѓаните.

spot_img

Последни вести