Феноменалниот Карим Бензема со три погодоци во мрежата на Донарума успеа да го внесе својот тим во четврт финалето на Лигата на Шампионите.
Иако Килијан Мбапе во 39-та минута даде гол и ПСЖ имаше добитно 2-0, еден голем кикс на голманот Донарума го врати натпреварот во неизвесност. Бензема израмни на 1-1, за по 14 минути подоцна по феноменална асистенција на Модриќ, повторно Бензема постигна гол и веќе Реал Мадрид имаше водство од 2-1, а вкупниот резултат беше 2-2.
Уште една голема грешна на парижаните само две минути подоцна доведе до комплетирање на Хет-трикот на Карим Бензема.
Натпреварот исто така го одбележа и огромната поддршка што домашната екипа ја имаше од фановите на Бернабеу.
Манчестер Сити исто така влегува во следната фаза. Денешниот натпревар заврши со 0-0, но сепак победата на гостински терен им донесе мирен реванш на екипата од Манчестер.