Велешанецот Трајче Илијевки го освои првото место во атлетска трка на 3000 метри на Балканското ветеранско првенсто кое се одржуваше во Словенија.
Тој се закити со златен медал на Balkan Masters Athletics indoor одржан на 12 и 13 март оваа година и стана балкански шампион во сала на 3000метри.
Илијевски денес беше на прием кај градоначалникот Колев кој му честиташе за освоеното прво место и од име на општината му искажа благодарност за афирмација на градот и државата.