Велешанецот Петров ново зимско засилување за РК Вардар

Велешанецот Костадин Петров е второто зимско засилување на македонскиот ракометен шампион РК Вардар. Петров доаѓа од редовите на Металург, еден од најголемите ривали на РК Вардар.

Пред една недела од Охрид во Вардар пристигна на позајмица Стефан Додиќ.

Репрезентативниот кружен напаѓач (пикер) од денес е нов член на Вардар 1961, со договор до крајот на сезоната.

Петров ќе има многу силна конкуренција во „црвено-црниот“ табор, каде на позицијата кружен напаѓач веќе играат Стоилов, Тото и Валчек.

Овој трансфер е потврден и на официјалната фејзбук страница на РК Вардар.

 

 

spot_img

Последни вести