Велешанец заработи кривична за фалсификуван ПЦР тест

40 годишен велешанец бил дел од група која сакала со фалсификувани ПЦР тестови сакале да ја поминат границата.

Против сите 10-мина е поднесена пријава за кривично дело “фалсификување исправа“.

РЦ Север поднесе 10 кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување исправа“ против: И.М.(37), М.М.(19), А.Б.(35), А.И.(19) од Тетово, А.И.(50) од Куманово, М.Д.(39), М.М.(38), А.Д.(43) од Гостивар, А.Џ.(40) од Велес и Д.С.(23) од Липково.

Пријавените во периодот од 14.12.2021 до 15.01.2022 на Граничниот премин Табановце приложиле фалсификувани ПЦР тестови, известуваат од МВР.

spot_img

Последни вести