Велешани испаничени- Се слушаат рафали од автоматско оружје, надлетуваат и хеликоптери

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за Плусинфо смируваат дека станува збор за воена вежба на Армијата и им порачуваат на граѓаните да останат смирени.

Рафали од автоматско оружје вечерва се слушаат во Велес, реагираат испаничените граѓаните на социјалните мрежи.

Како што објаснуваат, пукотниците траат веќе половина час, а се слушаат и хеликоптери кои го надлетуваат градот.

„Можно е да е воена вежба. Но, немаше никакво известување и најава. Пукотниците траат повеќе од половина час. Ми се чини дека пукањето е во близина на фабриката Топилница, оти во касарната нема ништо“, напиша еден твитерџија.

Твитерџиката Диди, пак, напиша дека се плаши да излезе на улица:

„Треба да си одам од работа, а ми е страв да излезам“.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за Плусинфо смируваат дека станува збор за воена вежба на Армијата и им порачуваат на граѓаните да останат смирени.

– Војниците вежбаат во Велес, не постои простор за паника. Ние не би знаеле зошто ваквата воена вежба не им била најавена на велешани – кратко искоментираа нивните извори од МВР.

Извор: Плусинфо

spot_img

Последни вести