Велес добива „Европска куќа“ за млади- ќе се реконструира старато кино

Конечно киното во Велес ќе биде реконстроирано, пренаменето и со нова улога, „Европска куќа“ за млади.

Денес при посета на општина Велес на оваа тема разговараше градоначалникот Марко Колев со амбасадорот на Европската унија во Македонија, Дејвид Гир, како амбасадорот на Италија во Македонија, Андреа Силвестри.

Според евроамбасадорот Дејвид Гир три аспекти се многу значајни за градот Велес и за неговите граѓани.

– Би сакал да напоменам три аспекти и гледишта на оваа солидарност од страна на Европска Унија спрема оваа земја и луѓето на оваа земја. Првиот аспект ги засега младите во вашата земја. Ние со нетрпение го очекуваме отворањето на првиот Центар за млади, односно на „Европска куќа”, во поранешното кино во Велес, изјави Гир.

Градоначалникот Колев го поздрави присуството на двајцата амбасадори и напомена дека младите велешани со оваа „Европска ќуќа” ќе имаат место за творење и реализација на многу проекти.

-Ние денеска ќе одиме да го посетиме местото во поранешното кино, да го видиме просторот, деталите не се договорени, но најавата е дека со финансиски средства од ЕУ и други земји членки, вклучувајќи ја и Италија тој простор ќе биде целосно уреден. До крајот на оваа година се надевам ќе биде ставен во функција каде младите ќе може да се реализираат. Имаме многу содржини, Европска Унија ги помага младите, го помага Велес, нагласи Колев.

Амбасадорите и градоначалникот денес беа исто така во посета на просторот на поранешното кино, кое наредниов период ќе биде целосно реконструирано и пренаменето во „Европска куќа“

Овој простор ќе биде пренаменет и ќе биде наменет за млади, за реализација на нивните инвентивни и креативни идеи.

На средбата на градоначалникот на Велес, Марко Колев со амбасадорите Гир и Силвестри исто така разговараа и за зелена агенда како и за економскиот развој на општина Велес.

spot_img

Последни вести