„Утринска“ тепачка во Велес

Во текот на вчерашниот ден, околу нешто пред 10 часот, дошло до физички инцидент на улицата Илинденска во Велес. Имено, 27 – годишниот П.Н. бил физички нападнат од К.С.

Од СВР Велес го потврдија овој инцидент и од таму велат дека се работи на расчистување на случајот.

На 09.03.2022 во 09.50 часот П.Н. (27) од Велес пријавил дека додека се движел по ул.„Илинденска“, бил физички нападнат од К.С. Се работи на расчистување на случајот, известуваат од СВР Велес.

spot_img

Последни вести