Ноќеска околу 04 часот по полноќ во гостилница Боем е извршен грабеж. Како што објавија од гостилницата БОЕМ на социјалните мрежи рано утрово во локалот влегол крадец преку задната врата и ги украл парите кои ги собираат за донации.
Од видеото се гледа дека крадецот најпрвен се обидува да ја обие кутијата, а откако не му успева ја зима кутијата за донации и побегнува од локалот. Исто така тие објавија и фотографија од крадецот кој го извршил делото.
Сепак од таму додаваат дека тие и денес продолжуваат со хуманитарната акција за бесплатно бело гравче по повод денешниот ден, Чист понеделник.