Уапсен скопјанец превезувал илегални мигранти од Куба

Во текот на вчерашниот ден на автопатот Неготино-Демир Капија, кај наплатна рампа Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Г.Ц.(41) од Скопје. При преглед на патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ц., биле пронајдени двајца илегални мигранти од Куба.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино и полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

spot_img

Последни вести