Уапсен 66-годишник поради закани кон својот внук

На ден 13.03.2022 година полициски службеници од СВР Велес го лишиле од
слобода С.Р.(66) од Велес, поради основано сомнение за сторено кривично дело
„загрозување на сигурноста при семејно насилство“.

Во семејната куќа во Велес, С.Р.,по кратка вербална расправија, со остар предмет му се заканил на својот 37-годишен внук од Велес.

С.Р. е приведен во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.

 

spot_img

Последни вести