Трите најчести грешки при поставување на телевизорот во дневната соба

Дневната соба денес речиси и не може да се замисли без телевизор, но неговото поставување во тој простор може да зададе многу проблеми и понекогаш се чини дека го нарушува целиот концепт на уредување. Следат трите најчести грешки при поставување на телевизорот и совети како да се избегнат тие.

Грешка бр. 1: Во средиштето на вниманието

Модерните телевизори се своеидно чудо на технологијата и воодушевуваат со своите перформанси и со дизајнот, но не треба да се ставаат во преден план и како „централен објект“ во дневната соба. Особено оние црните модели со големина ХХХЛ.

Совет: Наместо да креирате ентериер почнувајќи од телевизорот, почнете со мебелот – кревети, полици, комоди и маси. Но, притоа се зема предвид распоредот на елементите за седење за да може гледањето телевизија да биде што поудобно. Мебелот не може да се насочи кон ѕид каде што нема простор за телевизор.

Грешка бр. 2: Се поставува премногу високо или премногу ниско

Една од најчестите грешки е висината на телевизорот. Високата поставеност е естетски проблем, но и практичен бидејќи е незгодно и неприродно телото да има поглед насочен нагоре, или пак – надолу. Второто лошо влијае и на ‘рбетот.

Совет: Екранот треба да биде на нивото на очите кога човекот е во седечка положба.

Грешка бр. 3: Не се вклопува во проторијата

Желбата да се комбинираат мебелот, домашните апарати и деталите во една целина е добар начин да се постигне хармоничен ентериер. Но, телевизорот е жива слика, а не статичен предмет, па затоа е потребна посебна претпазливост. Многумина го игнорираат фактот дека тоа резултира со невклопување со ѕидот каде што стои телевизорот и целиот простор го губи својот интегритет и смислата.

Совет: За да на стане само „грда црна дамка“ во собата, телевизорот и ѕидот може да се доукрасат опкружени со фотографии, слики и слични вообичаени предмети.

 

извор: kurir.mk

spot_img

Последни вести