Пукање во близина на железничката пруга Велес- Битола, повредени нема

Од МВР соопштуваат дека на 03.04.2022 околу 11.15 часот во СВР Велес било пријавено дека во близина на пругата Велес-Битола, на место викано „Ливада“, едно лице, кое дошло со патничко возило, испукало повеќе куршуми во воздух.

Во овој пријавен случај повредени лица нема, а полициски службеници од СВР Велес извршиле увид. Од СВР Велес додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

spot_img

Последни вести