Пролетна еколошка акција- Сакај го Велес

Денес започна пролетната еколошка акација на општина Велес и Јавното комунално претпријатие Дервен.

Градоначалникот Колев заедно со вработените на општинската администрација, вработените во јавното комуналано претпријатие Дервен, советниците од Советот на општина Велес, Црвениот крст, учениците од средните и основните училишта како и граѓани на Велес чистеа на неколку локации во градот.

Градоначалникот Колев истакна дека посебно се радува дека неговото ветување за подобрување на хигиената во градот е веќе видливо, а тоа е мотив за да продолжиме со уште поголема грижа и во иднина. Токму затоа, оваа акција денес е само почеток на кампања „Сакај го Велес“, која ќе трае секој ден. 365 дена ќе се грижиме за хигиената, зеленилото и урбаната опрема во градот, да ги зачуваме, но и да создаваме нови.

Исто така од страна на ЈКП Дервен денес се заменија стари и неупотребливи контињери за комунален смет со репарирани контејнери на ул. Димитар Влахов, Илинденска и Петре Прличко.

Од таму апелираат граѓаните да го одложуваат сметот во контејнерите, а не околу нив и во деновите кои се определени за собирање на смет од домаќинствата.

spot_img

Последни вести