Приведена жена што крадела во станови каде чистела, украла накит вреден 960.000 денари

На 16.03.2022, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода М.А.(45) од Скопје. Таа се сомничи дека во претходниот период извршила кражби во три станови во Скопје, при што одзела накит со вкупна вредност од околу 960.000 денари.

Таа била пријавена на 14.03.2022 од сопственичките на трите станови, каде повремено било ангажирана за чистење, дека ја искористила нивната доверба и во повеќе наврати одзела поголема количина златен накит. На 16.03.2022, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во домот на М.А. и во домот на нејзината мајка, при што бил пронајден дел од накитот, кој бил вратен на сопственичките.

М.А. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

spot_img

Последни вести