На 09.03.2022 во 09.30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Л.М.(20) од Скопје, со привремен престој во Велес.

Тој се сомничи дека на 06/07.03.2022 извршил кривично дело „тешка кражба“, при што од угостителски објект во Велес одзел пари. Л.М. е приведен по полициска станица во Велес и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имено како што претходно објавивме, тој на 07.03.2022 година околу 04 часот обивајќи ја задната врата во гостилницата Боем, ја украл касата во која се собирале хуманитарни средства.