Приведен крадецот кој ја ограби кујната во градинката „Димче Мирчев“

На 23.03.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З.(31) од Велес. Тој се сомничи дека на 14.03.2022 влегол во клон во градинката „Димче Мирчев“ Велес и од магацинскиот простор како и од кујната одзел повеќе производи.

М.З. бил приведен во полициска станица, а одземените производи биле пронајдени кај него и вратени на градинката.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

spot_img

Последни вести