Претреси во Кавадарци, пронајдена дрога, приведени две лица

На 06.02.2022 околу 14.30 часот на ул.„Јован Планински“ во Кавадарци, полициски
службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода К.Ч.(39) и П.С.(38), двајцата од Кавадарци.

Тие биле затекнати при купопродажба на марихуана и кај двајцата била пронајдена и одземена марихуана. После тоа, врз основа на судска наредба, во домовите на двајцата биле извршени претреси и, исто така, била пронајдена и одземена
марихуана.

Истите биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на
случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, – велат од СВР Велес.

spot_img

Последни вести