Повторно пронајдена дрога кај велешанец- тој е лишен од слобода

Во текот на вчерашниот ден (14.03.2022) од страна на полициски службени од СВР Велес е лишен од слобода 31 годишниот М.А од Велес, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени хероин и амфетамин.

Лицето е приведено во полициска станица и се очекува против него да биде поднесен соодветен поднесок.

Ова е веќе втор случај изминатата недела, каде што полицијата пронаѓа дрога кај велешани.

Изминатата недела исто така беше приведено и лицето Н.Ц од Велес, каде што при претрес во неговата куќа и двор беа пронајдени поголеми пакувања во кои имало по околу еден килограм марихуана, или вкупно 5 килограми, кои биле закопани во дворот.

 

 

spot_img

Последни вести