Попис 2021: Општина Велес има 48 463 жители, 24 102 мажи и 24 361 жени

Денес Заводот за статистика ги објави првите официјални резултати од пописот кои беше спроведен во септември месец 2021 година.

Според пописот, во општина Велес има вкупно 48 463 жители. Од нив 36 825 се македонци, 2763 албанци, 1037 турци, 507 роми, 270 власи, 267 срби, 1825 бошњаци, додека 4718 не отвориле врата и не се попишале, а ги има во податоците со кои располагаат од Државниот завод за статистика.

 

 

Според полот во Велес има 259 повеќе жени од мажи. Се попишале 24 102 мажи и 24 361 жени.

Во Велес има вкупно 16 566 домаќинсктва и 18 630 станови.

Официјалните бројќи за резидентното население во Република Македонија, живеат вкупно 1 836 713 жители. Од нив 58% се македонци, 24,3% албаци, турци 3.86%, роми 2.53%, 0,47% се изјасниле како власи.

Сите податоци објавени денес од Државниот завод за статистика можете да ги најдете на линкот.

spot_img

Последни вести