ПМФЛ: Петте средби од 22 коло поради одложени поради снег

Комисијата за натпревари при ФФМ објави дека петте средби кои требаше да се играат денес се одложени, поради снежните врнежи на територија на целата држава.

Денес требаше да биде комплетирано 22 коло во ПМФЛ, а потоа да започне третиот круг на во домашното фудбалско првенство.

Овие средби се презакажани за во среда, во терминот од 14 часот. Лидерот Шкупи гостува кај Ренова, во Скопје, Работнички ја пречекува Шкендија, додека Академија Пандев е домаќин на Борец, додека Брегалница се среќава со Пелистер а Струга ТЛ со Македонија ЃП.

spot_img

Последни вести