Ова е условот на Путин за прекин на војната

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот му рекол на францускиот претседател Емануел Макрон дека решението за Украина е можно само доколку Киев е неутрален, „деназификуван“ и „демилитаризиран“ и ако формално биде призната руската контрола врз анектираниот Крим, соопшти Кремљ, а пренесува Ројтерс.

Од Кремљ сооштуваат дека Путин го кажал ова во телефонски разговор со францускиот лидер.

„Русија е отворена за разговори со претставниците на Украина и очекува (разговорите) да доведат до посакуваните резултати“, се вели во соопштението.

spot_img

Последни вести