Општина Велес прва во Македонија која се приклучи кон движењето „Донирај Компјутер“

Често пати велиме дека треба да бидеме промената која сакаме да ја видиме во светот. Тоа е наша задача, но и одговорност. Во Македонија постојат луѓе кои давајќи се себе, даваат за оние на кои им е најпотребно.
Во тоа име, градоначалникот Марко Колев денес склучи меморандум за соработка со Борче Стаменов, човекот кој стои позади движењето Донирај Компјутер – Борче Стаменов кое ги помести границите на човечката филантропија во Македонија, но и пошироко.
Општина Велес е прва општина во Македонија која стана партнер соработник на здружението и се вклучи со поддршка преку донирање компјутери и друга ИТ опрема која е расходувана со одлука на Совет. Се надеваме дека нашиот пример ќе биде почеток на голема промена која мнозина ќе ја следат!
Секој кој сака да се вклучи во поддршката истото може да го направи преку страната на здружението.
Она што за нас е малку, за некого е многу. Само заедно и сплотени може да придонесеме за многу насмевки и радосни моменти! За сите нас!
spot_img

Последни вести