Општина Велес објави 5 Конкурси во сферата на културата

Општина Велес во текот на вчерашниот ден распиша неколку конкурси во сферата на културата и културните манифестаци за оваа година.

Првиот конкурс објавен е за „Меѓународната склупторска колонија“. Се делегира надлежноста од областа на културата предвидена во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2022 година што се однесува на организирање, реализирање и менаџирање на културната манифестација „Меѓународна скулпторска колонија“.

Финансиските средства во висина од 400.000,00 денари за делегираната надлежност се обезбедени од Буџетот на Општина Велес – Програма за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2022 година.

Исто така објавен е и конкурс за културната манифестација „Велес мурал фест“.

Се делегира надлежноста од областа на културата предвидена во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2022 година што се однесува на организирање, реализирање и менаџирање на културната манифестација „ Велес мурал фест“. Манифестацијата треба да содржи активности за разубавување фасади низ градот, со цел да се одржува на подолг период со што секој ќе има можност да го гледа процесот на работа на уметниците.

Финансиските средства во висина од 200.000,00 денари за делегираната надлежност се обезбедени од Буџетот на Општина Велес – Програма за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2022 година.

Трет конкурс кои е распишан е за културната манифестација „Насмеј се!“.

Се делегира надлежноста од областа на културата предвидена во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2022 година што се однесува на организирање, реализирање и менаџирање на културната манифестација „Насмеј се!“. Манифестацијата е маратон на театарски комедии, претстави и перформанси кои освен во театарски простор може да се изведуваат и на јавни простори и неконвенционални места.

Финансиските средства во висина од 750.000,00 денари за делегираната надлежност се обезбедени од Буџетот на Општина Велес – Програма за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2022 година.

Меѓу конкурсите објавени е и за културната манифестација „Фестивал на џез, ворлд и современа музика“.

Се делегира надлежноста од областа на културата предвидена во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2022 година што се однесува на организирање, реализирање и менаџирање на културната манифестација „Фестивал на џез, ворлд и современа музика“.

Финансиските средства во висина од 300.000,00 денари за делегираната надлежност се обезбедени од Буџетот на Општина Велес – Програма за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2022 година.

Последен од неколкуте конкурси е и за организирање, реализирање и менаџирање на културните манифестации: „Рацинови средби” и „Детски Рацинови средби”.

Се делегира надлежноста од областа на културата предвидена во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2022 година што се однесува на организирање, реализирање и менаџирање на културните манифестации:

  • „ Рацинови средби” и
  • „ Детски Рацинови средби”.

Финансиските средства во висина од 690.000,00 денари за делегираната надлежност се  обезбедени од Буџетот на Општина Велес – Програма за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2022 година.

Сите објавени конкурси во сферата на културара можете да ги најдете и на веб странта на Општина Велес.

spot_img

Последни вести