Општина Велес изготви над 3000 решенија за данок на имот

Долгогодишниот проблем со кој се соочуваа велешани конечно се решава. Граѓаните конечно ќе ги добијат решенијата за данок на имот, кои со години не се работеле.
Како што соопштија од општината во изминативе 2 месеца се изготвени близу 3000 решенија за данок на имот.
– Горчливиот проблем на Велешани кој траел со години додека овој процес бил целосно закочен, веќе станува минато. Со реорганизација на човечките капацитети интензивно се работи на изготвување на сите заостанати решенија и граѓаните веќе ги добиваат на своите домашни адреси, соопштија од општина Велес.
Од таму додаваат дека домаќинското работење за доброто на Општината и сите граѓани останува приоритет на градоначалникот Марко Колев и во иднина!
spot_img

Последни вести