Од вечер пак по старо – ќе се плаќа целата акциза за горивата?

Регулаторната комисија за енергетика најави дека вечерва ќе има нови цени на горивата, кои според трендовите на светските берзи треба да бидат со намалени цени.

Сепак, согласно последните измени во законот за акцизи граѓаните ќе ја плаќаат целосната сума на акцизите.

Во последната пресметка акцизата беше намалена за 1 денар бидејќи цената на суровата нафта беше на 107,2 долари по барел.

Во моментов цената на суровата нафта падна под 100 долари што значи дека мерките за намалување на акцизите престанаа да важат.

Се очекува РКЕ да донесе одлука за новите цени на горивата до вечерва.

spot_img

Последни вести