Нов ценовен шок- зголемување за 10 денари на дизелот и 5,5 денари на бензинот

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 10,21%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 5,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 10,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 28.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 85,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 9,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 83,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 6,149 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 28.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 54,319 ден/кг.

Новите цени за нафтените деривати од утре ќе бидат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 54,319 (денари/килограм)

spot_img

Последни вести