НЛБ Банка ги додели наградите на училиштата со најдобри резултати во предизвикот за собирање пластичен отпад

Трите основни училишта кои во наградниот предизвик за собирање пластичен отпад во рамките на последниот „НЛБ Месец на штедење“ остварија најдобри резултати, деновиве и официјално ги добија своите награди од НЛБ Банка. Станува збор за награди кои ги обезбедивме во консултација и на барање на училиштата со цел унапредување на условите за работа и наставно-образовниот процес.

Првонаграденото ОУ „Кирил и Методиј“ од Кочани, чии ученици собраа рекордни 930 кг. пластичен отпад добија 3 смарт табли, втората награда, 2 смарт табли, ја доби ОУ „Тошо Велков Пепето“ од Кавадарци за собрани 705 кг, а третата награда, фотокопир апарат, ја доделивме на ОУ „Блаже Конески“ од Велес кое во акцијата собра 584 кг.пластичен отпад.

За потсетување, во наградниот предизвик во рамките на „ НЛБ Месец на штедење“ училиштата ширум земјата собраа речиси 10 тони пластична амбалажа за рециклирање со што заедно со нив дадовме симболичен придонес кон заштитата на животна средина и одржливиот развој.

Се проценува дека со рециклирање на еден тон пластика се заштедуваат 7.200 киловат часови електрична енергија, што е доволно за нормално функционирање на едно просечно домаќинство цели седум месеци. Инаку, според статистиките, во светот на годишно ниво се генерираат околу 30 милиони пластичен отпад, што претставува повеќе од 12% од целокупното количество цврст отпад, а за да се разгради пластиката, потребни се од 500 до 1000 години. Со рециклирање на пластика се заштедува 80% од вкупната енергија која се користи за производството на нови пластични производи, процес кој е еколошки штетен заради употребата на нафта и други фосилни горива.

spot_img

Последни вести