Жозе Мурињо со порака до италијанците: Не ја отпишувајте Македонија

Жозе Мурињо дефинитивно е еден од најконтроверзните тренери на сите времиња, а сега како тренер на Рома ги предупреди Италијанците и Португалците да не планираат дека тие сигурно ќе играат во финалниот бараж на 29. март.

„Италија или Португалија на Мундијалот? Не ги отпишувајте предвреме Македонија и Турција. Не можам да бидам неутрален. Ја сакам Италија, живеам тука и оваа земја ми даде многу, но си навивам за Португалија и сакам да оди на Мундијал“, изјави Мурињо.

Во четврток Македонија ќе и гостува на Италија во Палермо, додека Португалија е домаќин на Турција.

spot_img

Последни вести