Млади велешани фрлиле марихуана, но сепак ги фати полицијата

На 04.04.2022 околу 01:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.М.(23) и Ј.В.(22) од Велес.

По извршени проверки, во нивна близина полициски службеници пронашле марихуана, која тие претходно ја фрлиле.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

spot_img

Последни вести