Македонските навивачи треба да се пријават во ФФМ за билет(и) за Италија, цената – 12 евра

Поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на бараж натпреварот Италија – Македонија во Палермо на 24. март за пласман на СП 2022,  од понеделник (7. март 2022), можат да се пријавуваат за купување на билети за мечот преку следната електронска адреса:

bileti@ffm.com.mk

Заинтересираните поддржувачи на македонската репрезентација за купување билети за натпреварот на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо може да аплицираат за влезници до 15. март 2022.

Преку електронска најава (име, презиме и број на билети) испратени на e-mail адресата bileti@ffm.com.mk, најпрвин се пријавуваат заинтересираните навивачи за купување билети (два или најмногу четири билети). Доколку има можност истите да ви бидат ставени на располагање, на e-mail адресата од која е испратено барањето, добивате посебен код за пристап на следниот линк:

https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386

Кодот за пристап и добивање можност за купување на билети за натпреварот на македонската репрезентација е ограничен, согласно регулативата за следење на фудбалски натпревари во услови на пандемија и регулативата за број на билети за гостински навивачи.

Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се во секторот на стадионот определен за гостинските навивачи. Цената на чинење на еден билет изнесува 12. ЕВРА.

ВАЖНА НАПОМЕНА:

Македонските навивачи кои ќе патуваат во Палермо, Италија за натпреварот Италија – Македонија мора да ги почитуваат следните регулативи на италијанските власти во услови на пандемија:

КОВИД 19 регулатива за влез во Италија.docx

spot_img

Последни вести