Грузија повторно подобра од Македонија

На натпреварот одигран во Скопје, Македонската машка кошаркарска репрезентација повторно загуби од Грузија со резултат од 79:65.

Имаме четири порази во групата од исто толку натпревари со Шпанија, Грузија и Украина и речиси никакви шанси да продолжиме во втората фаза во битката за место на Мундијалот во 2023 година.

Најефикасен повторно беше натурализираниот Грузиец, Тед Мекфејден, кој вечерва постигна 24 поени,или вкупно 50 на двата натпревари.

Најдобар во нашата селекција беше Ненад Димитријевиќ кој финишира со 25 постигнати поени, пред Војдан Стојановски кој реализира 13 поени, додека Бојан Крстевски постигна 11 поени. Кај Грузијците очекувано исто така добар натпревар имаше и Шермандини со 13 поени и осум скока

spot_img

Последни вести