Лицата со попреченост добија нови реквизити за рекреација

Општина Велес ги предаде на користење опремата и реквизитите од проектот „Инклузивен смарт туризам, рекреативни содржини и услуги за еднаков пристап до туристичката атракција Езеро Младост“, на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес во соработка со Здружението за безбедност на вода и планини „Македонски спасител“ – Велес и Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Велес.

Опремата и реквизитите, здруженијата ќе ги користат една година согласно склучениот договор за реализациоја на активности за помош и поддршка на лицата со попреченост.

Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за локална самоуправа и Општина Велес. Проектот во вредност од 7.516.070 денари го спроведе Центарот за развој на Вардарски плански регион во соработка со Општина Велес.

spot_img

Последни вести