Ковачевски: Ова ќе биде тешка година

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-коференција истакна дека на денешната владина седница биле донесени повеќе мерки за ублажување на последиците од како што рече, најголемата глобална криза по Втората светска војна.

-Предизвиците пред нас се огромни. Во услови на постковид пандемија се соочуваме со најголемата економска криза која Европа и светот ја паметат во поново време. На глобално ниво растот на трошоците на храната и енергенсите како резултат на воената агресија на Русија врз Украина, го чувствуваме и ние денес и сега. Дисбалансот на основните прехранбени продукти и енергенсите не засега и нас. Ова ќе биде тешка година, нагласи Ковачевски.

На владината седница биле усвоени 26 мерки и препораки поделени во две категории: мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на ликвидноста на компании и мерки за финансиска поддршка на компаниите преку развојната банка.

spot_img

Последни вести