Колев: После 20 години велешани ќе добијат современ кеј на десната страна на реката Вардар

После 20 години велешани ќе добијат современ кеј на десната страна на реката Вардар, објави на својата фејсбук страна градоначалникот на Велес, Марко Колев.

Реконструкцијата на кејот на десната страна на Вардар ќе биде во вредност од над 25 милиони денари, а е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка.

Еден од приоритетните проекти во предизборната кампања беше уредување на кејот на Вардар, а она што многу пати го нагласувавме со претседателот на Советот на Општина Велес, Зоран Љутков, е дека не ветуваме нешто што не можеме да исполниме. Тимската работа продолжува и понатаму, само сплотени можеме да го направиме Велес поубаво место за живеење. – напиша Колев.

spot_img

Последни вести