Исчезнато е 12 годишно дете од Кавадарци

Штитеник во Мал групен дом при Центарот за социјални работи Кавадарци на возраст од 12 години е пријавен како исчезнат од вработена во домот. Случајот е пријавен во СВР Велес, а одтаму велат дека се превземаат сите мерки за пронаоѓање на лицето.

На 28.02.2022 во 13.00 часот во ОВР Кавадарци, вработена во Мал групен дом при Центарот за социјални работи Кавадарци пријавила дека од домот се оддалечил нивниот штитеник Р.А.(12). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, се вели во соопштението на СВР Велес.

spot_img

Последни вести