Хуманитарна акција на Повардарска епархија и мeтрополитот поварадарски Агатангел

Поварадарската епархија и метрополитот Повардарски. Агатангел по повод случувањата во Украина организираат хуманитарна акција.

Ви го пренесуваме во целост апелот на митрополитот Агатангел:

Возљубени чеда во Христа Спасителот,

Со голема тага ги следиме случувањата во Украина, каде се води братоубиствена војна помеѓу нашите братски, словенски и православни народи од Украина и Русија.

Она кое не можеме да го сопреме во овој момент е овој неверувачки воен поход, но она кое можеме да го направиме е да ги упатиме сите нашите молитви за покој на душите на бројните жртви од оваа војна, како и за што поскоро завршување на овој невиден хаос и повторно утврдување на мирот како неприкосновен општествен поредок.

Повардарската епархија веќе започна со прибирање на потребни средства за братскиот украински народ во вид на прехранбени производи со подолг рок на траење, средства за хигиена, текстилни производи (ќебиња, постелнина, крпи, чорапи) и слично.

Затоа упатуваме апел до сите наши духовни чеда да се вклучат во оваа акција за обезбедување на хуманитарна и финансиска помош за украинскиот народ.

Сметката на која може да ги уплатите вашите донирани средства е 210040688821710 НЛБ Тутунска Банка.

Црквите во кои можете да ги донесете овие средства се:

Велес: „Св. Кирил и Методиј“ и „Успение на Пресвета Богородица“

Кавадарци: „Света Петка“ и „Св. вмч. Димитриј“

Неготино: „Св. Атанасиј“

Демир Капија: „Успение на Пресвета Богородица“

Гевгелија: „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Спас“

Валандово: „Св. вмч. Димитриј“

Богданци: „Св. Атанасиј“

Се задолжуваат сите парохиски свештеници од наведените цркви да ги примат и соодветно да ги чуваат овие производи до моментот на дистрибуција, кој дополнително ќе биде објавен.

Нека Семилостивиот Бог, Господ Исус Христос, ги услиша нашите молитви за мир и благосостојба на сите.

 

Митрополит Повардарски

г. Агатангел

spot_img

Последни вести