Организирана група крадела катализатори – тројца од нив се велешани

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Штип, расчистени се четири кривични дела „тешка кражба “, од кои три во обид, на катализатори од системот за издувни гасови од патнички моторни возила на подрачјето на Штип, за кои постојот основи на сомнение дека се извршени од страна на три групи, од кои едната составена од Т.И.(22) од с.Подареш, радовишко, Д.И.(21) и Т.Н.(23) двајцата од с.Ињево, радовишко, втората од И.К.(24), Е.А.(28) и А.Р.(26) тројцата од Велес и третата група од В.И.(28) од с.Лакавица, штипско и А.С.(28) од с.Јакимово, делчевско.

Во СВР Штип извршен е службен разговор со сите осомничени лица и тие го појасниле времето, местото, начинот и околностите на вршењето на кривичните дела. Од страна на полициски службеници пронајдени и одземени се алатите со кои биле извршени кривичните дела. По комплетирање на случаите, против сторителите на кривичните дела ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

spot_img

Последни вести