(ФОТО) Во Палермо и верните Гемиџии навиваа за нашите херои

Македонската фудбалска репрезентација приреди вчера во Палермо сензација, совладувајќи ја Италија со 1-0 (0-0) и обезбеди пласман во финалето од баражот за пласман на Мундијалот 2022 против Португалија на 29 март. Најголемата победа во историјата на македонскиот фудбал на стадионот „Ренцо Барбера“ ја донесе поранешниот играч на Палермо, Александар Трајковски во 92 минута.

Меѓу неколку илјадната публика која беше присутна во Палермо се најде и велешката навивачка група „Гемиџии“, која ги бодреше нашите херои со целото свое срце.

spot_img

Последни вести