(Фото) ВНИМАВАЈТЕ ако се движите по улица Васил Ѓоргов

Денеска се случила мала хаварија на улицата Васил Ѓоргов, поточно главната улица која води до Којник.

Како што соопштуваат од ЈКП Дервен, по пријава добиена од полициската станица на СВР Велес, на улицата има истурено 250 литри нафта од буре. Тие додаваат дека секторт за комунална хигиена излегле на лице место и истуриле над 3 м3 песок долж улицата, од кривините па се до местото каде што се случила хаваријата.

Во зависност од временските услови во текот на неделата ќе се собере песокта и ќе се измие улицата.

 

spot_img

Последни вести