(Фото) По 5-ти пат исчистен Потокот од ѓубре во рок од 3 месеца

Вработените во Јавното комунално претпријатие Дервен во текот на вчерашниот ден, повторно имаа акција за чистење на игралиштетот кај Потокот како и коритото на потокот.

Ова е 5ти пат по ред, изминативе 3 месеца како се чисти игралиштето. Несовесните граѓани од овој дел на градот, секојдневно фрлаат ѓубре во коритото на потокот, при што доаѓа да затнување.

Од ЈКП Дервен повторно упатија апел до жителите од Потокот, да не го загадуваат потокот со отпад од домовите, туку отпатодот да го одложуват на местата наменети за комунален отпад, во термините утврдени за собирање на отпад во овој дел од градот.

 

spot_img

Последни вести