(Фото) Градоначалникот Колев и претседателот на Советот, Љутков се соочија и одговараа на тешки прашања од нивните гости

Денес во просториите на општинката зграда, на гости кај градоначаникот Марко Колев и претседателот на Советот, Зоран Љутков беа учениците од III-2 одделение од ООУ „Васил Главинов“.

Градоначалникот и претседателот на Совет ги запознаа најмалите наши сограѓани со начинот на работа на општината и градоначалникот. Исто така гостите ги прошетаа низ просториите каде што се одвива работата на општинската администрација.

Како што истакна градоначалникот учениците дошле подготвени за оваа средба со што добил одлични прашања за функционирањето и работата на градоначаникот и општината.

– Децата се нашата иднина! Нашата задача е да бидеме пример за нив и да го направиме Велес поубаво место за живеење!, истакна Колев

spot_img

Последни вести