(ФОТО) Биди џенталмен- фрлај го ѓубрето во корпа

Продолжува кампањата на Јавното комунално претпријатие Дервен и општина Велес „Сакај го Велес“. Во текот на денешниот ден на неколку локации во центарот на градот се поставуваат нови украсни корпи за отпадоци.

До сега се наместени 10-тина украсни корпи за отпадоци во Младинскиот парк, кај Официрскиот дом како и пред црквата Св. Кириl и Методиј.

Изминативе неколку месеци ЈКП Дервен во соработка со „Жито“ маркети постави уште 30тина пластични корпи низ централното градско подрачје, а низ центарот на градот се реконструирани или наместени уште 50 тина корпи за отпадоци.

Од Јавното комунално претпријатие апелираат да се чуваат реквизитите кои изминатиов период се поставуваат и кои ќе бидат поставени наредните денови при пролетните акции за разубавување на градот.

Исто така за денот на пролета општина Велес и ЈКП Дервен организираа еколошка акција во повеќе делови во градот се со цел почист и поубав Велес

spot_img

Последни вести