Физичка пресметка пред угостителски објект во Велес

Викендите често знаат да бидат полни со работа за полицијата, најчесто поради нарушен јавниот ред и мир или физички пресметки.

Викендов во Велес е забележан таков настан, откако 19 годишник од село Горно Оризари пријавил во СВР Велес дека бил нападнат од жител на село Мелница.

Од СВР Велес велат дека случајот е евидентиран и се работи на расчистување на истиот.

На 18.03.2022 во 23.50 часот Џ.Т.(19) од с. Г.Оризари-велешко пријавил дека околу 23.30 часот пред угостителски објект во Велес бил физички нападнат од Б.Р. од с.Мелница. Се работи на расчистување на случајот. – стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

spot_img

Последни вести