Еве колку плаќаме за секој литар бензин на државата

Од секој литар гориво што го ставаме во резервоарот на вашиот автомобил 35 денари се влеваат во државната каса како давачки.

Тоа значи дека на 84 денари за гориво, реалната цена на горивото е 49 денари, а останатите 35 денари одат во државна каса. Од тие  22 денари се акциза, а дополнителните 13 денари се ДДВ.

За разлика од бензинот, кај дизелот има малку помала акциза и таа изнесува 15,5 денари за литар. Моменталната цена е 75,5 денари за литар дизел. Секогаш кога ќе ставиме 1 литар дизел, на државата и плаќаме 15,5 денари акциза и дополнително уште 11.5 денари ДДВ што значи дека вкупните давачки кон државата на секој литар дизел изнесуваат 27 денари. Тоа значи дека само цената на дизелот без давачките за државата изнесува 48,5 денари.

spot_img

Последни вести