ЕКСКЛУЗИВНО- Како ќе изгледа новиот плоштад во Велес

Студио за проектирање на станбени, деловни, индустриски објекти како и консултантски услуги за архитектонски решенија Линеа 3 денеска објави фотографии од новиот градски плоштад во Велес.

Според нив партерното уредување на просторот има нов пристап во дизајнирањето. Со завиени линии кои ја доловуваат идејата за песочен часовник. Тие додаваат дека овој дизајн на Плоштадот се надоврзува со времето кое се движи, а со самото тоа и што нашиот град е претпознатлив со Саат кулата.

Новиот плоштад ќе биде уреден и со високо и ниско партерно зеленило и со најсоодветна урбана опрема.

Од таму додаваат дека ваквиот изглед ќе биде пријатно и атрактивно место за секоја генерација.

Исто така од фотографафиите може да се забележи и влезот на проектираната подземна гаража, под самиот плоштад, која треба да биде на две нивоа подземја.

Дел од овој проект за целосно уредување на централното градско подрачје го најави и градоначалникот Марко Колев, кои пред 2 месеца доби средства во висина од 750 000 евра од програмата „ЕУ за општините“ за реализација на проект со кој ќе се реши сообраќајниот хаос во центарот на градот и ќе се реализираат паметни пешачки и велосипедски зони.

spot_img

Последни вести