Дечките од BIG BUCKS TV со нов предизвик- ДА ГИ НАХРАНИМЕ ОНИЕ КОИ ШТО ИМ Е ПОТРЕБНО

Дечките од Биг Бакс продолжуваат со својата хумана мисија. После видеоо со чичко Ванчо на кој му приредија прекрасна вечер, тие објавија нов контент каде што им дадоа топол оброк, но и пари на бездомните деца и луѓе низ скопските улици.

Откако најпрвен купија неколку пакети со храна од KFC и оставија неколку илјади денари бакшиш на вработените во KFC во Скопје, тие се упатија низ скопските улици, барајки бездомни лица на кој им е потребен топол оброк, но и финансии.

Велешките момци и девојки израдуваа и насмеа десетици бездомни лица во главниот град, со што уште еднаш ја покажаа својата хумана мисија, да им се помогне на оние кои што им е најпотребно.

Погледнете го новото видео на нивниот YOUTUBE канал.

spot_img

Последни вести